Фрчеа казни на сите страни: Санкционирани 166 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера имаше засилена акција на територијата на Република Македонија при што санкционирани се 166 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштија од МВР.

17.05.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега