Фрчеа казни на сите страни: Полицијата изрече 261 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше засилена акција на територијата на Република Македонија, при што казни 261 возач.

Како што информира МВР, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 127 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

05.07.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега