Фрчеа казни на сите страни: Изречени над 1.000 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1062 возачи.

Полицијата информира дека 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 572 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 490 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.

20.06.2022 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега