Фрчеа казни на сите страни: 206 санкции за возачи што возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 206 возачи.

МВР информира дека 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат од МВР.

24.06.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега