Франција: Бројот на новозаразени на највисоко ниво од крајот на мај
Здравствените власти на Франција регистрираа 1695 нови случаи на коронавирус за 24 часа. Во вторникот, научниот совет што ја водеше Владата во борбата против Ковид-19 предупреди дека Франција нема да биде имуна од втор бран во текот оваа есен, јави дописникот на МИА.
Вкупниот број на смртни случаи од „Ковид-19″ во земјата достигна 30305. Додека бројот на хоспитализирани со вирусот е 5114, што е намалување за 14 лица од претходниот ден.
– И за време на одмор, дури и во лето, вирусот сè уште активно циркулира. Затоа, сите сме загрижени, потенцира Општата дирекција за здравство, која уште еднаш повикува на почитување на физичкото растојание и заштитните мерки во однос на најстарите и најранливите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа