Фотографии од венчавка го обиколија светот: Сите кои ги погледанаа и порачаа на невестата да се разведе (ФОТО)

 

Фотографија од венчавка го обиколи светот и сето тоа поради свекрвата.

Вујко на невестата, згрозен од однесувањето на мајката на младоженецот, споделил фотографии од венчавката, а свекрвата завршила на „столбот на срамот“.

Имено иако на прв поглед се делува како нормално и се чини дека е фотографија од младоженците, всушност прегрнатиот пар се мајка и син, додека невестата седи на страна речиси на секоја слика.

Свекрвата облечена во бел фустан изработен од чипка кој неверојатно потсетува на венчаница во ниту еден момент не се одвојувала од синот.

-Многу ми е жал за мојата внука, единствена утеха е што родителите на младоженецот живеат на 1500 километри од нивната куќа- напишал нејзиниот вујко, додавајќи дека бил шокиран од однесувањето на свекрвата.

-Тие двајцата го играа првиот танц, наместо тоа да го направи со невестата, а свекрвата не се одвојуваше од синот- вели вујкото на невестата кој прикачи неколку фотографии на „Редит“. Сепак не е наведено од каде се младоженците, но јасно порачал дека неговата внука би требало веднаш да се разведе!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега