(ФОТО)Дритон Небиу порача: Може да ме убиете но нема да ме исплашите

 

Со објава на својот фејсбук профил се огласи директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Небиу, кој вчера беше нападнат во еден тетовски ресторан. Нападот се случил непосредно по објавување на фотографија на која е со Зијадин Села, кој го предводи крилото кое не се согласува со Арбен Тарави за коалиција на Алијанса за Албанците со албанската опозиција претстојните избори.

Тој во својата објава порача: „Можете да ме убиете но нема да ме испалшите“

Настанот го потврди и полицијата.

Небиу вчера можеше да се забележи во партиското седиште на Алијанса во Тетово, за време на прес-конференцијата на Села.

05.02.2024 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега