ФОТО: Зградата на МНР осветлена во сино поради НАТО јубилејот

 

Зградата на МНР вчера и денес е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон.

„Република Северна Македонија е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет“, велат од МНР.

11.07.2024 - 20:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега