ФОТО: Возило се преврте во Аеродром

Возило се преврте во скопски аеродром на новата раскрсница пред воениот базен, во близина на Основното училиште „Љубен Лапе“. Засега нема информации за евентуални жртви или повредени, но на социјалната мрежа Фејсбук веќе се појавија фотографии од стравичната несреќа.

Како што може да се види, во несреќата учествувале две возила, „рено меган“ кое има само помала материјална штета и уште едно возило кое е превртено на кровот.

Марјан Лазаревски ги објави фотографиите и предупредува дека станува збор за небезбедно сообраќајно решение со оглед на тоа што на истото место ова е втора сообраќајка во само неколку дена.

-Апел до сите возачи, пешаци и родители - избегнувајте ја Васко Карангелески додека не се исправат сите неправилности. Апел до властите - затворете ја улицата додека не настрада некое дете! Град Скопје, oва не е булевер, ова не е ни улица, ова е КЛАНИЦА Со што заслуживме ваков инженерски кикс на 20 метра пред училиште? Втора (евидентирана) сообраќајка во само неколку дена. Ве молам, СПОДЕЛУВАЈТЕ и давајте идеи како да побрзо го средиме овој хорор, вели Лазаревски во објавата.

20.11.2023 - 11:21
Фото: 
Фејсбук

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега