ФОТО: Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија - Неготино, сообраќајот во прекин
Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија - Неготино, информацијата утрово ја потврдил за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
- Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, појаснил Самарџиев за МИА.
Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.
Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.
09.06.2023 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа