ФОТО: Во Африка е откриен третиот најголем дијамант на светот

Компанијата за дијаманти Дебсван објави дека е откриен скапоцен камен од 1.098 карати – трет по големина дијамант во светот пишува Гардијан.

 

Компанијата му го покажа дијамантот пронајден на 1 јуни на претседателот Мокветси Масиси.

 

“Ние веруваме дека ова е трет по големина дијамант на светот. Тој е редок и извонреден камен. Внесува надеж на нацијата што минува низ тешки времиња”, рече Линет Амстронг, директор на Дебсван.

Боцвана е водечки производител на африкански дијаманти.

 

 
16.06.2021 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега