Продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка од редовите на СДСМ.

“Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци?

Кој е вториот вработен? Што работел претоходно и во кое време?

Станува збор за извесен Глигор Поцев“, соопшти Кузеска.

Кузеска истакна дека Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков.

„А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа.

Како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери?

И како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата?, прашува Кузеска.

Кузеска потенцираше дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени  на фирма од две лица основана од пред само една година, јасно покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

„Методите се исти, милионски тендери платени од пари на граѓаните на фирми со сомнителна или релативно непостоечка историја.

Целта е иста, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Дури и луѓето се од истиот груевистички период очигледно!

Ништо од ова не е случајно, ова е криминален систем за крадење пари од граѓаните и контрола за кој мора да има истрага и одговорност.

Крадењето мора да запре. Инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.

Предупредуваме да знаат сите дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш!

Работата сè уште не е завршена“, нагласи Кусезка.

Exit mobile version