ФОТО: Верижен судир во скопски Аеродром, сообраќајот отежнат

Верижен судир утрово беше причина за отежнат сообраќај на Булеварот Србија во скопската општина Аеродром. Во сообраќајната несреќа учествувале најверојатно 4 автомобили кои се удриле еден во друг пред семафорите на раскрсницата кај споменикот на Јане Сандански.

Нема информации за повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Полицијата веднаш пристигна на терен и почна со увид и отстранување на возилата од коловозот.

Додека траеше увидот имаше умрена фрекфенција на автомобили и отежнат сообраќај.

31.03.2023 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа