ФОТО: Утринава сообраќајка на булевар „Србија“- турнат и семафор

На булевар „Србија“ кај семафорите во Аеродром во близина на крстот утринава се случи сообраќајка.

Според фотографиите кои ни ги испраќа читател на Press24 во сообраќајката учествувале две возила, а паднат е и семафор.

Засега не се познати причините за несреќата и нема детали дали има повредени.

Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од страна на полициските службеници кои се излезени на терен.

Повеќе детали во текот на денот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега