ФОТО: Стотици лица без маски се журкаа во ноќен клуб во Струмица, инспекцијата немоќна

 

И покрај забраната за работа на ноќните клубови, во Струмица два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“ потврдуваат оттаму за А1он“. Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа туку одржал и втора забава со друг пејач. Забава се случи во период кога во нашата држава беа дијагностицирани рекордни 240 лица заболени со коронавирус за едно деноноќие.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „А1он“ вели дека петочната забава ја прекинале после 1 часот и ќе поднесат кривична пријава, а за тоа дали клубот е контролиран и вчера, ќе даде одговор откако ќе провери. Тој додава дека совеста и одговорноста на граѓаните е на ниско ниво.

„Ноќните клубови не смеат да работат. Во тек е подготвувањето на протоколи. Во петокот имавме контрола во „Аватар“-Струмица. Забавата беше прекината после 1 часот и изготвен е записник, следи кривична пријава, а од судот зависи понатамошната постапка. За синоќа немам информација, инспекторите кои беа на терен, работеа до доцна во вечерта“, вели Пауновски.

Клубот на социјалните мрежи помпезно ги најавувал журките. За петочната журка било побарано од посетителите да ги почитуваат протоколите, иако тие не се донесени. Понатаму, во поканата се наведува дека треба да се држи дистанца и често да се мијат рацете.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега