(ФОТО) Сопругата на претседателот Пендаровски во елегантно издание се појави во јавноста

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска во јавноста секогаш е претпознатлива со нејзиниот елегантен и нежен изглед. Во исто такво издание се појави и денеска додека реализираше повеќе активности со сопругата на австрискиот претседател, кој е во посета на земјава.

Ѓорѓиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на Претседателот МладиХаб имаа можност да се запознаат со проектот за градење на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите.  

 

Првата дама на Македонија беше облечена во син фустан на долги ракави, а изгледот го комплетираше со кремови високи потпетици. Нежна шминка и брановидната форма на косата предизвикаа Ѓорѓиевска да привлече многу позитивни критики за нејзиниот изглед.

29.03.2023 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега