Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на самиот влез во Скопје, во непосредна близина на бензинската пумпа „Лукоил“. Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале камион-самовлекач и патничко возило марка „Сеат“.
Сè уште нема информации за евентуално повредени лица.
Сообраќајот на овој потег се одвива отежнато.


