ФОТО: Соблекувалната на Јапонија по триумфот против Германија

Јапонија направи голема сензација во првото коло од Светското првенство (СП) во Катар откако ја совлада Германија со 2-1, но сцените кои доаѓаат по натпреварот го воодушевија светот.

Навивачите на Јапонија по натпреварот против Германија останаа на трибините за да го соберат ѓубрето, додека фудбалските ѕвезди ја исчистија соблекувалната во која беа сместени.

Интересно е тоа што голем број Јапонци останаа и по воведниот натпревар на Мундијалот меѓу Катар и Еквадор и го исчистија стадионот од ѓубрето, иако нивната селекција не заигра на теренот.

24.11.2022 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега