На 16.09.2026 во 00:20 часот во с.Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Ц.(34) од с.Брњарци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.
На 15.09.2026 во 23:45 часот во с.Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(38) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол, 23 куршуми. 20 ловечки патрони, една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење на ловечки патрони, една кутија со каписли и алатки за изработка и полнење на патрони.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.


