Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свечената гала вечер којашто по повод 20. годишнината од основањето на Обединетата македонска дијаспора и доделувањето на наградите „40 под 40“ се одржа во Детроит, Мичиген.

Во рамки на свеченоста, што се одржа под мотото „Наследство на единството: 20 години Обединета Македонска дијаспора“, ОМД ѝ ја додели на претседателката Сиљановска-Давкова наградата „Глобален државник“.

Сиљановска-Давкова ѝ ја врачи наградата „Ќерка на Македонија“ на Мариен Илич, признание што го доделува ОМД.

Специјални признанија им беа доделени на Џери Наумоф – наградата „Македонско наследство во јавната служба“, како и на организацијата „Светска медицинска помош“ – наградата „Пријател на Македонија“.

Четириесет млади припадници на македонската дијаспора ширум светот, успешни и влијателни во своите професии и заедници се стекнаа со наградата „40 под 40“.

Leave A Reply

Exit mobile version