ФОТО: Се заглави камионот кој требаше да ги преземе останките од жртвите во автобуската несреќа

Пред зградата на главната мртовечница во Софија утрово во 8 часот пристигна камион со кој телата на 45-те загинати од опожарениот македонски автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, ќе бидат транспортирани до аеродромот „Враждебна“ од каде ќе бидат транспортирани до Скопје, пренесува 24часа.бг.


 

Камионот со приколка кој пристигнал утрово се покажал превисок за да влезе во дворот на мртовечницата, јави бугарски 24 часа.

По час и половина камионот успеал да помине откако го намалиле притисокот во гумите.

Во 9.30 часот пристигнал дипломатски тим со претставници од Република Северна Македонија, јави порталот.

Пред мртовечницата е регистирано зголемено полициско присуство.

 

02.12.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега