ФОТО: Руски милијардер загина во пад на хеликоптер под мистериозни околности

Рускиот милијардер Вичеслав Таран загина во хеликоптерска несреќа која се случи на југоистокот на Франција, откако претходно полета од Лозана, Швајцарија.

Како што објави британски „Сан“, освен 53-годишниот милијардер, во хеликоптерската несреќа загинал и 35-годишниот француски пилот.

Мистериозно е тоа што требало да има уште еден патник во хеликоптерот ЕЦ130, но сепак поради непознати причини се откажал од летот и неговиот идентитет не се открива.

Таран претходно беше обвинет дека е во комуникација со агенција за шпионажа и бил одговорен за „перење“ на руски пари преку систем со криптовалути.

 

29.11.2022 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа