Close Menu
Press24
    Најново

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
    • Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
    • МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
    • Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
    • МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
    • Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
    • Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
    • Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома

    (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома

    01.03.2026 во 14:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка, најавувајќи нов бран капитални инвестиции кои треба да го трансформираат овој дел од државата.

    Ваквите проекти се додадена вредност во животот на граѓаните, додадена вредност за македонската економија. Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија, рече Мицкоски.
     


    „Кога зборувам неколку стотици пред сè мислам на третата фаза од пругата којашто треба да почнеме да ја реализираме, забрзување на втората фаза, нешто за што зборуваше и министерот и потпретседател во Владата. Но исто така и патната инфраструктура не останува незабележана и не реновирана и не реконструирана, напротив се реновира, се реконструира, се гради новите делници коишто треба да го заобиколат влезот во Куманово за тие коишто сакаат да патуваат директно на исток, односно до Крива Паланка и до нашиот источен сосед. Така што целокупното ова инвестирање очекувам да од Крива Паланка направи навистина богат, пристоен град во којшто луѓето ќе бидат среќни, задоволни, ќе се вратат оние коишто ја напуштиле Крива Паланка тука и ќе можат заедно со своите семејства да го продолжат животот тука, нешто што претставува наша консолидирана заедничка владина цел. Луѓето коишто поради оправдани причини ја напуштиле Македонија, ги напуштиле своите домови гледаат сега дека таму каде што отишле посебно во делот Западна Европа состојбата не е таква каква што очекувале мислам дека со вакви инвестиции ќе претставуваат мотив и ќе можеме да ги вратиме луѓето дома и тука да си ја развиваме нашата македонска економија, бидејќи сега е моментот имајќи предвид сите оние случувања коишто не се само во Европа, гледаме и малку пошироко дека светот денеска живее и минува низ едни бурни времиња“, посочи Мицкоски.
     


    Мицкоски рече дека како Влада продолжуваат да се фокусираат на реализацијата на овие инвестиции, на капиталните инвестиции.

    „Многу пати сме спомнале дека Македонија е држава којашто е практично раскрсница на два многу важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10, патничкото поврзување, железничкото поврзување па и енергетското ако сакате претставуваат приоритет на оваа Влада, впрочем и самите резултати на растот на БДП тоа го потврдуваат, анализирањето на овие инвестиции.
     
    Ќе продолжиме и понатаму тој приоритет да го реализираме. Јас очекувам многу скоро денеска сето ова за коешто зборувавме овие речиси две години од мандатот на оваа Влада да биде реализирано.
     
    Така што уште еднаш нека ни е со среќа овој нов реконструиран би рекол пат, нека ни бидат со среќа и сите оние нови делници од коридорот 8 што ќе ги реализираме во периодот којшто следи и на ваков начин да им се оддолжиме да граѓаните коишто ја даваат поддршката на оваа Влада, ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.
     

    Популарно

    Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија

    21.03.2026 во 16:06

    Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка

    21.03.2026 во 15:17

    МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители

    21.03.2026 во 15:08

    Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница

    21.03.2026 во 15:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.