ФОТО: Пронајдена марихуана и приведен дилер во Охрид

Во Охрид синоќа во 21:30 часот, на улицата „Васил Главинов“ при преглед извршен врз охриѓанецот Т.Љ.(31), полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана.

При претрес во неговиот дом, како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, информираа денеска од МВР, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со различа тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид.

МВР соопшто дека Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега