ФОТО: Пробиени матурските тестови по англиски јазик, средношколците разменуваат одговори на Вибер

Пробиени се матурските тестови по англиски јазик.

 До нашата редакција пристигнаа фотографии како 7000 матурани во група на Вибер  ги разменуваат одговорите и заеднички го решаваат тестот.

Инаку денеска матурантите го полагаат вториот екстерен испит. Тој е изборен и тие можеа да се определат за еден од седум понудени предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик  - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.  

За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование. 

10.06.2023 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега