ФОТО: Причина за славење во домот на Димче Арсовски - портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја запроси својата девојка

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вчера, ја запроси својата девојка Сања Тодорова.

Арсовски сподели фотографија на која ја држи дланката на Сања со вереничкиот прстен, а во опис напиша „Доста беше, до вечноста“.

И Сања ја сподели веста на нејзиниот инстаграм-профил, откривајќи дека Арсовски ја побарал за жена еден ден по неговиот роденден.

„Роденденски подарок за мене или него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“, напиша таа во опис на објавата.

Инаку, идната сопруга на Арсовски, Сања Тодорова е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа.

Се чини дека оваа година ќе биде среќна за двајцата портпароли на двете најголеми политички партии во земјава.

И портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов пред два дена ја запроси својата девојка Марија Десанова.

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе.

Нека љубовта трае до последниот атом.

Затоа што си моја, затоа што те сакам.

Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил по запросувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега