ФОТО: Пораки за поддршка на проблематичниот ученик на оградата од неговото училиште во Ново Лисиче

 

Графити со поддршка за проблематичниот ученик во скопското училиште Лазо Ангеловски може да се видат утрово закачени на оградата на училишниот двор.
„Малиот тука ќе учи“ и „Издржи мали, со тебе сме“ се пораките кои непознати лица ги испратија утрово откако вчера доцна попладнето родителскиот совет во ова училиште одлучи да ја бојкотира наставата се додека не се најде решение за проблемот што го имаат со ученикот кој правел проблеми во училиштето.

„Согласно донесената одлука апелираме како совет утре сите ученици да останат дома и да им дадеме можност на надлежните да изнајдат решение за проблемот со кој се соочуваме а од кое ќе бидеме сите задоволни и ќе ги пуштиме нашите деца на настава без притоа да се грижиме дека истите безбедно ќе се вратат дома. Одлуката за бојкот се однесува за 5.12.2024 година – четврток и важи за сите одделенија од 1-во до 9-то. Во текот на утрешниот ден, допопнително преку преставниците, ќе биде споделена информација до сите вас за преземените чекори кои ќе се однесуваат на периодот кој следи“, се наведува во заклучокот на Советот.

Проблемот со овој третооделенец, ексалираше откако училиштето „11 Октомври“ во општина Центар, одби да го прими ученикот кај нив на настава. Родителите на учениците од „11 Октомври“, веќе неколку дена не ги пуштаат учениците од прво до четврто одделение во училиште, откако разбраа дека се работи за проблематичен ученик кој треба да направи трансфер од друго основно училиште, а ним им се придружија и неколку од повисоките одделенија.

 

05.12.2024 - 09:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега