ФОТО: Поради големото деколте блогерката не ја пуштиле во музеј - „Зошто може да влезат слабите што се непокриени, а јас не“

 

Обезбедувањето во музејот Орсеј во Париз забранило влез за една Французинка поради длабокото деколте, се додека не го покрила, пренесува Локал Франс.

Во објавата на Твитер, жената напишала дека обезбедувањето од неа барало да облече јакна, и покрај високите летни температури.

Таа напишала дека двете жени од обезбедувањето, кои ѝ забраниле влез, ги прашала зошто тоа што има длабоко деколте претставува проблем, но наведува дека не добила никаков одговор и дека тие инсистирале на тоа дека се такви правилата.

Откако се согласила да облече јакна, на жената ѝ било овозможено да влезе во музеј.

Таа тврди дека во музејот забележала многу жени кои носат облека исто така разголена, но дека биле слаби и со мали гради.

Објавила и фотографија во тој фустан, фотографирана 4 часа пред одењето во музеј и навела дека го купула во регуларна продавница, не гледајќи дека на неа има нешто вугларно.

Од музејот Орсеј на Твитер објавиле статус во кој се извинаат на жената и навел дека се  обидуваат да стапат во контакт со неа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега