(ФОТО) Почна лидерската средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски

Почна лидерската средба помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски во Клубот на пратеници.

Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.

07.06.2023 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа