Познатиот турски актер, Ариф Еркин Ѓузелбејоглу, кој глумеше во серијата „Сулејман Величествениот“, почина на 91-годишна возраст, објави телевизискиот канал Хабертурк.
Актерот го прослави својот 90-ти роденден во септември, а само еден месец подоцна, за жал, почина.
Ѓузелбејоглу настапуваше во театар од 15-годишна возраст, играше во бројни филмови и серии и работеше како архитект во градската администрација на Истанбул повеќе од 30 години.
Во серијата „Сулејман Величествениот“, го играше ликот на државниот службеник Пири Мехмет Паша.
Погребот на актерот е закажан за сабота во Истанбул.