Повторно кружат лажни пораки кај граѓаните во име на Пошта на Македонија. Имено, револтирани граѓани испратија фотографии до нашата редакција на кои може да се забележи дека добиле порака за доставување на пратка иако не нарачале ништо.
Бидете внимателни.
„Важно известување од Пошта на Северна Македонија:
Вашиот пакет пристигна во нашиот дистрибутивен центар, но не сме во можност да го доставиме поради недостаток на информации за адресата.
За да избегнете дополнителни трошоци, ве молиме ажурирајте ја вашата адреса: https://id-posta.work/mk Доколку не ги ажурирате информациите за вашата адреса на време, вашиот пакет автоматски ќе биде вратен, а може да се применат дневни такси за складирање.
Со почит, Пошта на Северна Македонија, стои во една од пораките на граѓаните кои ги добиле.


