ПАТОТ КОН ТЕФЕРИЧ Е ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ!, соопшти градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска ја информира јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето.

По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец, посочи Стаменкоска Трајкоска.

„Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот.

Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција.

БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е НАШ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ!“, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Exit mobile version