ФОТО: Панчо ДНК со емотивна порака за диџеј Ицко - „Другар и човек кој во секое време беше спремен да даде искрен совет“

 

Ристо Меловски, познат како Диџеј Ицко, ја изгуби борбата со КОВИД-19. Популарниот водител и диџеј од Антена 5 радио почина на 48-годишна возраст како последица на компликации од коронавирусот.

Пријателите на Ристо со пораки на социјалните мрежи се збогуваа со него.

Панчо од ДНК објави заедничка фотографија и порака.

„Колега, другар и човек кој во секое време беше спремен да ( ми ) даде искрен совет, помош и поддршка. Сеуште во неверување и шок не знам што повеќе да напишам. Почивај во мир и нека ти е светол патот рапер. ( така се викавме он мене трансер ) Длабоко сочувство до фамилијата“ – напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега