Close Menu
    Најново

    Мицкоски од централниот митинг во Скопје: Нема да ве разочарам, одиме заедно до победа

    29.09.2025 во 20:58

    Ѓорѓиевски: Проблемите во Скопје се тест за нашата решителност, а ние имаме енергија, волја и план

    29.09.2025 во 20:43

    Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

    29.09.2025 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мицкоски од централниот митинг во Скопје: Нема да ве разочарам, одиме заедно до победа
    • Ѓорѓиевски: Проблемите во Скопје се тест за нашата решителност, а ние имаме енергија, волја и план
    • Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар
    • Гоцевски: Мојата заложба е во првите 100 дена да се исчистат дивите депонии во и околу Делчево
    • Мисајловски: Имаме чесни кадри, луѓе кои се посветени, мора да се работи со големо темпо
    • Најмалку 33 лица убиени во израелски напади во Газа
    • Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа
    • Зеленски предлага заеднички противвоздушен штит меѓу Украина и сојузниците
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ФОТО) Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

    (ФОТО) Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

    27.09.2025 во 13:52
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше Тодоровски од Пробиштип, којшто трагично загина.

    -Тоше беше човек, којшто лично немав чест да го запознаам, но од она коешто го говорите сето она, од она што го говорат сите коишто лично го познаваат Тоше е голем човек и бил многу голем човек додека бил меѓу нас, а на жалост Господ-Бог најдобрите ги зема најрано, колку што може, рече Тошковски.

    Мартин Ефремов претседателот на Независниот синдикат на полицијата истакна дека со денешниот настан одаваат почит на загинатиот Тоше Тодоровски, а на неговиот татко Винко му порача дека пред шест месеци изгуби син, но какошто рече доби илијадници синови, ќерки, браќа и сестри во униформа, кои секојпат ќе бидат со него и семејството на Тоше.

    -Нека оваа биста не потсети дека секој еден од нас можеше да биде на местото на Тоше, исто како и секој еден од нас можеше да биде на местото на било кој еден од осомничените преживеани колеги на трагедијата, коишто денеска по насоки на Јавното обвинителството се без плати, без придонеси и на работ на егзистенција. Колеги на којшто очајно им треба нашата помош, вели Ефремов.  

    На спомен бистата букети цвеќе положија семејството на Тоше Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Тошковски директорот на БЈБ, Јанев, полициски службеници и началници од СВР-Штип. 

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Полицијата во автомобил пронајде две уловени срни – приведени двајца битолчани

    29.09.2025 во 12:17

    Пензиите зголемени, познато кога почнува ислатата

    29.09.2025 во 16:39

    Доаѓа првиот снег во Македонија – УХМР со најнова прогноза

    29.09.2025 во 12:47

    РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на нафтените деривати

    29.09.2025 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.