Оливер Спасовски од СДСМ се прости од својот пријател и колега, Благојче Трпевски.

-Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски.

Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени.

Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Нека му е вечна слава, напиша Спасовски.

Поранешниот пратеник Благојче Трпевски почина на 60. годишна возраст, а веста на социјалните мрежи прв ја сподели екс премиерот – Димитар Ковачевски. 

Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те лица кои го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“. Несреќата се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од коловозот и се преврте.

Exit mobile version