ФОТО: Од поранешната фабрика „Треска“ остана само прав и пепел
Екипата на Прес 24 излезе на терен и тоа што го забележа е дека од поранешната фабрика „Треска“ остана само прав и пепел.
Поранешната фабрика „Треска“ се запали нешто по 14 часот, по што огромни облаци од чад се појавија над Скопје и предизвикаа паника меѓу граѓаните.
Противпожарната бригада веднаш реагираше со шест возила кои пристигнаа на местото на пожарот и по двачасовна битка успеаа да го локализираат огнот.
Фотографиите по пожарот покажуваат дека од разрушената фабрика „Треска“ сега остана само прав и пепел.
14.04.2022 - 16:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа