ФОТО: Обвинетите за убиството на Денис Тот се криеја од камерите
Обвинетите за убиството на ракометарот Денис Тот за првпат влегоа во судница, па така Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски кажаа дека не се чувствуваат виновни за убиството пре ноќен клуб во Скопје.
Тие кажаа дека разбираат за што се обвинети и зошто се во судница, а исто така се криеја од камерите за време на судењето.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
05.09.2022 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа