ФОТО: Необичен романтичен гест - Марк Цукерберг постави статуа со ликот на својата сопруга во дворот на нивниот дом

 


Марк Цукерберг, познат по своите технолошки достигнувања, овој пат изненади со необичен романтичен гест. Основачот на Фејсбук си постави статуа во вистинска големина на својата сопруга Присила Чан во дворот на нивниот дом.

Ова уметничко дело, дело на познатиот вајар Даниел Аршам, ја претставува Присила како нежна фигура, инспирирана од римската традиција на создавање скулптури на сопругите.

Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак се 10 години. Заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат имиња инспирирани од Стариот Рим – Максима, Август и Аурелија. Присила по професија е доктор. И двајцата се занимаваат со филантропска работа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

15.08.2024 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега