Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) МВР со детали за акцијата во Скопје: Автоматски пушки и бомби пронајдени кај групата која планирала одмазда за осудени терористи

    (ФОТО) МВР со детали за акцијата во Скопје: Автоматски пушки и бомби пронајдени кај групата која планирала одмазда за осудени терористи

    07.02.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Д.(33), М.Д.(29) и С.Е. (25), сите од Скопје, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, предвидено и казниво по член 394 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.

    Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Според сомненијата, се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство за кои постои сомневање дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје.

    По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, а под раководство на јавниот обвинител од ОЈО ГОКК вчера од страна на полициски службеници беа извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје. При претресите беа пронајдени и одземени автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и 14 куршуми, една ловна пушка, една воздушна пушка, една рачна димна бомба, муниција од различен вид и калибар и други доказни материјали.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.