(ФОТО) Мелем за очи - Најмладата Џенер позираше во бикини пред папарацо фотографите

 

Никој како Кајли Џенер не знае да манипулира со јавноста сè додека не го добие тоа што го зацртала, а поради тоа таа денес е побогата и од Марк Закерберг.

Кајли Џенер деновите ги поминува на Карибите, а за таа прилика во јавноста се појавиле и фотографии на кои таа позира. Учејќи од примерот на сестра ѝ, Кајли се согласила папарацо фотографите да ја фотографираат и да покаже дека изгледа неверојатно.

Пред само неколку години, Ким Кардашијан проживеала пекол кога папарацо фотографите на одмор ја фотографирале во бикини. Тогаш светот можеше да го види нејзиното тело со целулит и вишокот килограми.

Но, Кајли тоа никогаш не би го дозволила. Можеби зад неа стои армија од вработени луѓе кои се трудат сè да биде во најдобар ред, но вистина е дека Кајли е најмладата милијардерка на светот. Таа е побогата и од Марк Закерберг.

За производите со нејзиното име да се продаваат, Кајли мора да биде совршена во секоја смисла. Не е тајна дека Кајли направила и неколку операции за своето тело и лице да го донесе до совршенство. Но, сепак таа тоа никогаш не го признала, а сè започнало кога ги оперирала усните.

Сега се шпекулира дека таа ги извадила и дел од ребрата за да има потенок струк, а дека во задникот вградила силикони, но и во градите и усните.

Сепак, таа моментално е најбараниот модел, а тоа се докажало и на модната Недела во Париз каде секој нејзин чекор внимателно се следел.

Кајли е мајка на две деца – ќерката Сторми (5) и синот Еир (1) кои ги добила од поранешниот партнер Травис Скот.

Каде и да оди таа со себе ја води ќерката за која вели дека ѝ е најдобрата пријателка на светот.

02.02.2023 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега