ФОТО: Малата Ангела од кумановско за првпат проба пица, хуманиот Аце го израдува семејството

Животот често знае да биде су ров и полн со изненадување. Не секој ја има таа среќа да расте во топол дом и да има безгрижно детство.За жал некој и доста млади ја почуствуваат горчината на животот, пораснат иако на години се мали, стануваат искусни и доживуваат многу повеќе од нивните врснициЖивот без струја и вода. Без храна и пари, куќа која тешко може да се каже дека е куќа, повеќе личи на некоја куќарка.

Ова семејство од седум луѓе спие во 10м2. Единствен оброк им е попара од шеќер и вода. А, вода обезбедуваат само доколку небото се смилува да заврне, па, така да се избањаат и да ги исперат алиштата.– Често немаме што да јадеме, живееме во голема сиромаштија, вели десетгодишната Ангела која за своите години проживеала многу.

– Чекам на Бог да се смилува и да заврне за да можеме да се испереме, да направиме јадење а понекогаш и ја користиме оваа вода за пиење, вели главата на куќата Добре.

– Срце ме бо ли кога ќе мора гладни да си легнеме, но тоа е реалноста. Јас можам и леб само да јадам, но тоа се деца си бараат.

– Би сакал да пробам сендвич, но мама нема за да ми направи сендвич. Би бил среќен доколку јадам сендвич вели малиот Јован а неговата сестра се надоврза:

– Пица никогаш не сме пробале, не го знаеме вкусот на пицата, но сме виделе кога други деца носат, вели со тешко срце малата Ангела.

Навистина не остава со отворена уста и не тргнува зборовите на оваа мала душичка, не останаа имуни многу луѓе а еден голем хуманитарец веднаш ги посети, станува збор за Аце од Штип.

– На гости и пица во еден скромен дом на пет малолетни дечиња кој се оставени на милост и немилост во 21 век, вели Аце на својот Фејсубк профил.

klaster.mk

09.11.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега