ФОТО: Македонската пејачка го сподели моментот кога нејзиниот сопруг првпат го видел синот - „Солзи на среќа, исполнетост и љубов“

Откако македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг и „Гранд“ колега, Гуте Маринковиќ на почетокот на јуни за првпат се реализираа во улогата на родители, среќната мајка и бебето Максим веќе две недели се дома, во нивниот стан во Белград каде сега живеат. Таа сега објави и фотографии од тоа како изгледа првата средба меѓу таткото и синот.

„Знам дека доцнам, но не ми забележувајте. Помина една седмица откако тројцата сме дома. Но, морав да го одбележам овој посебен момент, моментот кога двајцата првпат се запознаа.

Нема зборови за да се опише магијата што се случи во тој момент. Ќе го паметам овој ден по морето од солзи, солзи на среќа, исполнетост и љубов.  Ве сакам“ – напиша пресреќната мајка во описот на споделените фотографии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега