(ФОТО) Ковачевски го даруваше Рама - погледнете со какви подароци ќе си замине албанскиот премиер од Македонија

 

Денеска премиерот на Албанија е во посета на Македонија,а беше примен во кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.
 
„Со мојот колега, премиерот Еди Рама, делиме исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард.
Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците. Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“, напиша Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук.
 
При оваа средба нашиот премиер го даруваше Рама. Му подари дрес од кошаркарската репрезентација на Северна Македонија на кој е испишано името Рама.

Покрај дрес, албанскиот премиер доби и кошаркарска топка со потписот на Ковачевски.

 

Но, никаде без вино.

Ковачевски како трет подарок му поклони три вина. 

14.11.2022 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега