ФОТО: Кавадаречкиот градоначалник Јанчев ја изненади сопругата со автомобил од 240.000 евра

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и подари на сопругата Веселка автомобил од марката Range Rover, пишува „Фокус“ Белиот автомобил пристигнал на нивната адреса и ја изненадил Јанчева.

За „Фокус” Јанчев вели дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.

-Со сопругата сме заедно 25 години и таа секогаш стоела покрај мене, во добро и во лошо. Родители сме на три деца, заедно ги воспитуваме на вистинските вредности, а семејството за нас не би рекол дека е приоритет, туку дека е се!
Новиот автомобил кој и го подарив на сопругата е само гест на внимание, на благодарност за сето она кое таа значи за мене и за нашето семејство, за нејзината пожртвуваност. Растен сум во фамилија каде семејните вредности се светост, ја продолжуваме таа традиција- вели градоначалникот.

Јанчев за „Фокус“ додава дека не е важен подарокот, туку вниманието пред се, и за него мажите кои си ги почитуваат своите сопруги и кои ја покажуваат својата љубов кон нив, се луѓе во вистинскиот смисол на зборот.

 

 

21.07.2023 - 21:23
Фото: 
„Фокус“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега