Вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно моторно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој во возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава.
Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.


