ФОТО: Илир Хасани се врати на работа - назад во операциона сала
Заменик министерот за здравство д-р Илир Хасани кој си поднесе оставка по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, сега се врати на својата работа.
Хасани кој инаку од 2017 година e именуван за директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје се врати во операционата сала.
Во стравичниот пожар во Тетово загинаа 14 лица, а 12 се здобија со повреди. Оставка си даде и министерот за здравство Венко Филипче.
13.09.2021 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа