Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

Владеачката партија е веќе безмалку две години на власт, исто толку и Мицкоски е македонски премиер, но нивниот рејтинг и натаму е висок во споредба со опозицијата.

Вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.

Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 годин

Exit mobile version