Close Menu
Press24
    Најново

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54

    ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

    28.10.2026 во 14:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Нов инцидент на „Камени кукли“: Полицијата повторно ја приведе Стојна поради наплата на билети
    • Липково: Полицајци го затекнале како купува дрога, по што го стартувал „бмв“-то, па од прозорец нападнал полициски службеник
    • Мицкоски: Веднаш му се јавив на носителот на листата на студентите и му честитав – ние сме први соседи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Голема полициска акција во Македонија: Уапсени пет лица, запленети дрога, оружје и илјадници евра

    (ФОТО) Голема полициска акција во Македонија: Уапсени пет лица, запленети дрога, оружје и илјадници евра

    28.01.2026 во 12:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница.


    Извршени се претреси во с. Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба. При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка.


    Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Кај Д.П.(69) се пронајдени и одземени пиштол кој го поседувал без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол кои ги поседувал со дозвола.



    Кај Д.П.(65) се пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31640 евра, 3400 швајцарски франци и 56500 денари. Кај С.З.(42) е пронајдена бела прашкаста материја.


    Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.