Close Menu
    Најново

    (ФОТО) Ги фатиле „живи“ додека мереле дрога: Падна четиричлена дилерска група

    23.01.2026 во 14:07

    Македонец и Турчин паднаа директно во рацете на полицијата – шверцувале специјални материи

    23.01.2026 во 13:50

    Трагедија во Скопје: Пронајден починат 45-годишен маж во сопствениот дом

    23.01.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ФОТО) Ги фатиле „живи“ додека мереле дрога: Падна четиричлена дилерска група
    • Македонец и Турчин паднаа директно во рацете на полицијата – шверцувале специјални материи
    • Трагедија во Скопје: Пронајден починат 45-годишен маж во сопствениот дом
    • Хорор на игралиште во Центар: Разбојници со нож нападнале малолетник пред очите на неговите другари
    • Драма во Делчево: Тргнал на лов со пушката на дедо му, па бегал од граничната полиција
    • Филков: Таму каде што има индиции за злоупотреби, ќе има институционална реакција, таму каде што има слабости, ќе има интервенција
    • Апсење на патот Битола–Демир Хисар: Приведени десет лица, познат нивниот идендтитет
    • „Македонска пошта“: Штрајкот е политички мотивиран, обезбедена е плата за сите вработени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » (ФОТО) Ги фатиле „живи“ додека мереле дрога: Падна четиричлена дилерска група

    (ФОТО) Ги фатиле „живи“ додека мереле дрога: Падна четиричлена дилерска група

    23.01.2026 во 14:07
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вчера во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава.


    При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана. Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.

    Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.

    Популарно

    Николоски предупредува: Македонската економија е пред колапс поради новите Шенген правила – од понеделник блокади на границите

    23.01.2026 во 10:10

    Собранието денеска се очекува да даде „зелено светло“ за „Безбеден град“ – еве кои прекршоци први ќе се казнуваат

    23.01.2026 во 09:22

    Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ – Сведок од ФЗО откри како долговите растеле

    23.01.2026 во 10:04

    Падна полицаец – го фатиле во див лов,пукал во забранета зона со уште двајца другари

    23.01.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.