Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Герасимовски: Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме  дивидепонии и небезбедни напуштени објекти

    (ФОТО) Герасимовски: Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме  дивидепонии и небезбедни напуштени објекти

    13.02.2026 во 10:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.

    На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата.

    Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.

    На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

    Ова не е првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно-правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност.

    Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

    „Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.

    Популарно

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.